Балкан
31. December 2022 - 13:38

Телефонски разговор Мицотакис- Зеленски

Честитки до украинскиот народ за новата година, упатил премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис до претседателот на Украина Володимир Зеленски во нивниот телефонски разговор, паралелно повторувајќи ја грчката поддршка до Киев, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, „Мицотакис го истакнал неговиот интерес за ситуацијата на Грците во Украина, притоа уверувајќи го Зеленски за континуираната поддршка на Грција за неговата земја“.

Грчкиот премиер, изразил желба во иднина да ја посети Украина.