МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во осумте училишта во Скопје
Проверени се осумте училишта на чии мејлови беа упатени закани за наводно поставени бомби и утврдено е дека пријавите се лажни, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи за МИА.
Пет училишта денеска околу 12 часот пријавиле до СВР – Скопје дека на меил адреси добиле закани за поставени бомби. Станува збор за гимназиите „Раде Јовчевски Корчагин“, „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“. Полицијата испрати тимови, а учениците и вработените беа евакуирани од објектите, каде се вршат проверки.
Подоцна, како што информираа од МВР дополнително е пријавено дека иста закана пристигнала преку електронска пошта до уште три училишта во Скопје и оти и таму се преземаат мерки за безбедно евакуирање на учениците и вработените.
-Веднаш се упатени тимови за антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во дел од училиштата веќе е завршена проверката и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, а во дел од училиштата проверките се уште во тек, додаваат од МВР.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени