Во Куманово централниот настан за одбележување на Денот на народното востание под мотото „Секогаш на вистинската страна“
– По повод одбележувањето на државниот празник 11. Октомври – Ден на народното востание, Владата на Република Северна Македонија утре пред Спомен – костурницата во Куманово организира централен свечен настан за одбележување на државниот празник под мотото „Секогаш на вистинската страна“. Дополнително владини делегации ќе положат свежо цвеќе пред спомениците на паднатите борци од НОБ во Скопје и Прилеп.
Како што соопшти владината прес-служба, централниот настан во Куманово започнува со положување цвеќе на Спомен – костурницата. Владината делегација ќе ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, а е составена од Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација.
Потоа, настанот продолжува со културно – уметничка програма на платото пред Спомен – костурницата и со обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски.
Со посебни почести владина делегација предводена од вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, а во состав на Александар Бајдевски, заменик-министер за информатичко општество и администрација и Башким Хасани, заменик-министер за одбрана ќе положат свежо цвеќе на споменикот на „Ослободителите на Скопје”, на платото кај Владата на Република Северна Македонија.
Како дел од чествувањето на празникот 11-ти Октомври, официјална владина делегација ќе учествува на настан во Општина Прилеп пред споменикот „Методија Андонов – Ченто“. Во состав на оваа владина делегација се Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура, Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство, Џемил Ќамили, директор на Агенцијата за развој на земјоделство.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица