Опозицијата во Република Српска бара повторување на изборите за претседател, тврди дека Додик извршил изборна кражба
– Неколку илјади демонстранти се собраа вечерва во Бања Лука на покана на опозициските партии барајќи повторени избори за претседател на Република Српска, сомневајќи се дека на нивната кандидатка Јелена Тривиќ и се украдени гласови во корист на лидерот на владејачката СНСД, Милорад Додик.
Протестот го организираа Партијата за демократски напредок (ПДП) и Српската демократска партија (СДС) по објавувањето на наводните докази за злоупотреби на изборите одржани во неделата.
Според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК), по пребројувањето на мнозинството гласови, актуелниот српски член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, води во трката за претседател на ентитетот Република Српска со 28.336 гласа пред кандидатката на здружената опозиција Јелена Тривиќ.
-Ние ќе ја продолжиме оваа борба. Немам право да се заморам од ова. Нема да се заморам. Мислевте дланка да не искрадете дланка со дланка, како досега и да продолжите. Е веќе нема да биде како порано, рече Тривиќ во говорот пред насобраните.
Претседателот на ПДП, Младен Бореновиќ, побара да се отворат сите вреќи со изборниот материјал и повторно да се одржат изборите за претседател на Република Српска.
-Нека му се каже јасно на народот зошто краделе и дека тие што ја украдоа и ја сменија изборната волја на граѓаните треба да одговараат, рече Бореновиќ.
Насобраните на митингот во центарот на Бања Лука извикуваа „Миле крадецу“, „Победа, победа“.
Јелена Тривиќ, висок функционер на ПДП, во неделата прогласи изборна победа, а истото го направи и лидерот на СНСД, Милорад Додик.
Во Бања Лука, ПДП дури организираше прослава во центарот на градот. Меѓутоа, официјалните резултати му дадоа голема предност на Додик.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување