Властите во четирите украински региони под руска контрола прогласија победа на референдумите
Властите во сите четири региони во Украина под руска контрола Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон прогласија победа на референдумите за спојување со Русија.
Локалното гласачко тело во јужниот дел Запорожје соопшти дека над 93% од гласачите се одлучиле за руска анексија по пребројувањето на сите гласачки ливчиња. Во Херсон поддршката изнесува над 87%, во Луганск над 98%, а најубедливи резултати објави првиот човек на Доњецк, Денис Пашулин според кого дури 99% од населението е за припојување кон Русија.
Претседателот Зеленски, пак, рече дека референдумите се ново злосторство од Русија која се обидува да направи нова анексија на украинска територија.
Со реакција се јави и официјален Брисел. Претседателот на Европската комисија Шарл Мишел на Твитер напиша дека ова се лажни референдуми со лажни резултати кои никогаш нема да бидат признаени.
-
Бранислав Јанески
Сите содржини од овој новинар