Се очекува инфлацијата во Аргентина да достигне 95 отсто
Економистите ја зголемија својата прогноза за годишната инфлација во Аргентина на 95 отсто. Ова го покажа месечната анкета објавена од централната банка. Земјата се бори да ја надмине долготрајната економска криза. Најновата прогноза за остар раст на цените е за 4,8 процентни поени повисока од проценката од претходниот месец.
Аналитичарите веруваат дека инфлацијата во Аргентина се зголемила за 6,5 отсто во август. Според анкетата, годишната инфлација во јужноамериканската земја се очекува до следната година да достигне 84 отсто, а во 2024 година да се спушти на 63 отсто.
Аналитичарите анкетирани од централната банка скромно ја зголемија својата прогноза за економскиот раст на Аргентина оваа година на 3,6 отсто. Третата по големина економија во Латинска Америка долго време страда од висока инфлација, влошена од последиците од војната меѓу Украина и Русија.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред