Димовски: Велат „ако штрајкувате ќе ви скратиме од дневницата“ - од која плата ќе ни земат?
На новинарско прашање упатено до претседателот на ССМ, Дарко Димовски при денешната изјава за медиуми на штрајкот пред Собрание организиран од ССМ, дали останува на ставот дека ќе се откаже и од платата поради штрајкот само да им ги исплатат придонесите, кажа дека веќе нема од што да се откажат.
- Ние јавно на нашите синдикални лидери и претставници кажавме дека не потпаѓаме под притисокот за кој ни велат „доколку штрајкувате ќе ви скратиме од дневницата“. Нема од што веќе да ни кинат, верувај ми. Од кои плати да ни скинат, од кои дневници? Што не можеме да ги прехраниме фамилиите и да ги платиме трошоците за живот и режиите кон претпријатијата кои даваат јавни услуга? - кажа Димовски.
Димовски додава дека немаат достоинствени плати со кои можат да си го прехранат семејството.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период