САД го укинуваат задолжителниот ковид-тест за патниците во авионите
САД го укинуваат задолжителното тестирање за Ковид-19 за патниците кои доаѓаат во земјата со авион, соопшти денеска Белата куќа.
Соочени со појавата на варијантата омикрон, американските здравствени власти ги заострија процедурите за тестирање за влез во САД во декември 2021 година. Сите патници на возраст над две години мораа да приложат негативен тест за ковид направен помалку од еден ден пред полетувањето, без разлика дали се вакцинирани или не.
Наредбата за задолжително тестирање за Ковид истекува во недела во 12.01 часот по Гринич (18.01 по средноевропско време), бидејќи Центрите за контрола и превенција на болести утврдиле дека тестовите повеќе не се неопходни.
Американската агенција повторно ќе ја проценува потребата од тестови на секои 90 дена и може повторно да се воведе доколку се појави загрижувачки вид на вирусот.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред