Најмалку 11 загинати во налетот на ураганот Агата во јужниот дел на Мексико
Најмалку 11 лица го загубија животот во налетот на ураганот Агата што го зафати тихоокеанското крајбрежје на Мексико.
Невообичаено силното невреме го одбележа првиот ураган оваа сезона, со интензивни дождови што предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето и поплави.
Со поместувањето кон континенталниот дел на Мексико ураганот почна да губи на сила, преминувајќи во тропска бура за доцна синоќа речиси потполно да исчезне.
Најмалку 11 лица загинаа, а 21 се водат како исчезнати во невремето, соопштија локалните власти.
Гувернерот на Јужно Мексико Алехандро Мурат, рече дека неколку населени места на крајбрежјето и во планинската област Сиера Сур се уште се без електрична енергија и телефонски врски. Мексиканската компанија за електронабдување соопшти дека без напон се околу 70 илјади домаќинства и правни субјети.
Училиштата во најпогодените региони и денеска остануваат затворени.
Националната агенција за урагани предупреди дека остатоците од Агата и наредните неколку дена ќе донесат обилни врнежи низ југоисточно Мексико, така што се уште не е помината опасноста од појави на одрони и лизгање на земјиште.
Со ветрови до 165 километри на час Агата беше ураган од втора категорија, на скалата до пет степени и најсилното невреме оваа сезона што трае од 15 мај до 30 ноември во регионот на Тихиот и од 1 јуни до 30 ноември во Атлантскиот Океан.
Експертите проценуваат дека климатските промени веројатно придонесуваат за дополнителна интензивност на тропските циклони.
Ново на Сител
-
Кочанскиот суд го продолжил притворот од 48 часа за десет лица, за шест се одлучува
-
Домот на Советот на градот Перт прекриен во боите на македонското знаме
-
Во Делчево одржан академски час за загинатите во несреќата во Кочани
-
Утре и во петок сончево и потопло, викендот облачно со локален дожд
-
Приведени три лица за кражби во куќи во Прилеп
-
Досега собрани 20.932.654 денари за настраданите, хуманитарната акција продолжува
-
Причината за убиствата на Вања и Панче е прашање за Палевски, вели Манев
-
Малчев од Бугарија: Над 500 граѓани донираа крв за настраданите, наместо ракија - салата патриотизам да градиме мостови