Николовски апелира: Тргнете ја политиката од земјоделството
Тргнете ја политиката од земјоделството, посебно сега, во услови на криза и војна и сите, едногласно, без секунда одложување, изгласајте ги измените на Законот за земјоделство и рурален развој со кој на над 20 000 туутнопроизвподители треба да им бидат исплатени 1,3 милијарди денари, апелира денеска до пратениците министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски пред почетокот на 64 пленарна седница.
Според Николовски, кој досега неколку пати апелира до Парламентот да ги донесе земјоделските закони без одлагање, политика имало и ќе има, но тоа никако не смее да биде на штета на земјоделците и граѓаните.
– Зошто се блокира вака битен закон и се одолговлекува неговото донесување кога тоа им штети на над 20 000 тутунопроизвподители кои ги чекаат годинашните субвенции? Ваквата блокада е нешто сосема неодговорно кон тутунарите, но ја одолговлекува и генерално поддршката за земјоделците кои треба да произведат храна. Затоа, наместо да го кажувате својот партиски глас, слушнете го гласот на тутунарите и сите земјоделци. Без одлагање и без партиски говори донесети ги законските измени, рече Николовски.
Министерот сепак очекува дека законските измени денеска ќе бидат донесени.
-Очекувам тоа да се случи и законот да биде потпишан од претседтаелот на Собанието и од претседателот на државата, за од утре, веднаш, да почне реализацијата на субвенциите, потенцира Николовски.
Директорот на Платежната агенција Никица Бачовски дополни дека финансиските средства во висина од 1,3 милијарди денари се обезбедени и може веднаш да се префрлат на сметките на тутунарите, по донесувањето на законот во СОбранието.
-Платежната агенција е подготвена тоа да го стори веднаш по донесувањето на Законот. Пратениците да се вразумат, средства има и парите ќе се најдат на сметките на тутунарите по донесување на законот. Очекувам законот денеска да биде изгласан, а ние ветуваме дека веднаш потоа и по објавувањето на законот во службен весник, 1,3 милијарди денари ќе се најдат кај тутнарите. Податоците се собрани и обработени, се чека само исплатата, изјави Бачовски.
Ново на Сител
-
Приведени дрвокрадци во неготинско, следува пријава
-
Додик не дојде на сослушувањето во Обвинителството на БиХ
-
Танкер со нафта се запали во Северното море откако се судрил со товарен брод
-
Песков: Америка сака да види дека Киев сака мир за време на разговорите со Украина во Ријад
-
Поради сообраќајка на магистралниот пат Битола-Прилеп сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат
-
Камбовски: Набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд
-
Oд метастазиран рак до без рак за неколку месеци
-
Приведено лице од Крушевско за предизвикување пожар