Словенија е првата земја во регионот која потврди случај на мајмунски сипаници
Словенија е првата земја во регионот која потврди случај на мајмунски сипаници. Заразениот е маж кој неодамна се вратил од Канарските Острови, со кои се поврзуваат бројните случаи на заразени во Шпанија.
Светската здравствена организација соопшти дека е потврден 131 случај на мајмунски сипаници и 106 сомнителни случаи од појавата на првата зараза на 7 мај надвор од делови на Африка каде што мајмунските сипаници вообичаено се шират, но здравствените власти велат дека епидемијата е „под контрола.
Болеста е регистрана во Еропа, САД и Австралија. Бројот на заразени се зголемува но не треба да се крева паника и да се размислува за масовна вакцинација од мајмунски сипаници. Потребна е внимателност, советува СЗО.
Засега мерките како што се добра хигиена и безбедно сексуално однесување ќе помогнат да се контролира ширењето, рече Ричард Пибоди, кој го води тимот на СЗО за високи патогени закани во Европа.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар