Бочварски најави намалување на цените на патарините
Министерот за транспорт, Благој Бочварски најави ревидирање на цените на патарините по серијата анализи на Сител за тоа каде се трошат парите кои граѓаните и компаниите ги трошат за користење на автопатите во државата.
Сепак, засега не се знае каков модел ќе примени Владата, ниту за колку проценти би било намалувањето на цените.
-Како Влада разработуваме модалитети и можности за тоа колку може и дали е можно да се намалат цените на патарините. И од тој аспект ние разработуваме модалитети кои ќебидат одржливи, рече Бочварски во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител.
Зборувајќи за системот на вињети, министерот вели дека овој модел сепак не е доволно праведен.
– Со винетките моделот не е доволно праведен затоа што винетка користи и оној граѓанин кој патува секој ден на одредена дестинација и ги користи повеќе патиштата, отколку што некој можеби ќе наплати со регистрацијата винетка, односно, патна такса, а притоа можеби и нема да ги користи јавните патишта. Праведен модел е на тоа кој повеќе патува да плаќа повеќе, отколку некој кој користи само локални патишта, смета Бочварски.
Сител во изминатите денови во соработка со Македонскиот институт за медиуми изработи серија прилози за системот на наплата за користење на државните патишта.
Анализата откри дека многу малку се знае за трошењето на парите кои граѓаните ги даваат на наплатните рампи. Јавното претпријатие сѐ уште нема модел како точно се користат овие пари, туку тие заедно со останатите приходи се собираат на купче, па се прави годишната програма.
Екипа на Сител беше и во Софија во обид да го претстави системот на вињети, кои се неговите предности и маани. Што граѓаните би добиле, а што би загубиле доколку властите во Македонија се одлучат за промена на системот.
Волја за намалување на цените од партиите има, но сите политички партии имаат различни гледишта и модели како финансиски да им се олесни на граѓаните.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
На седиште во меѓуградски автобус оставил торба со марихуана, полицијата ја пронашла - кривична за 18-годишник
-
Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа
-
Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва
-
Оставка на 15 вработени во белградската Воздухопловна академија го спречува почетокот на наставата
-
Штетите од пожарите во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари
-
Фјури објави дека се повлекува од боксот
-
МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија
-
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои ризик од раст на активноста на вирусот