Турција: Украина и Русија се блиску до договор
Турција денеска соопшти дека Русија и Украина постигнале напредок во преговорите за запирање на инвазијата, а двете завојувани страни се блиску до договор.
– Се разбира, помирувањето не е лесно да се постигне додека трае војната, додека се убиваат цивили, но би сакале да кажеме дека сепак импулсот зема замав. Гледаме дека страните се блиску до договор, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во јужната турска провинција Анталија.
Чавушоглу оваа недела ги посети Русија и Украина, откако Турција, која има силни врски со двете земји, се обиде да се позиционира како посредник.
Анкара беше домаќин на состанокот на руските и украинските министри за надворешни работи во Анталија минатата недела. Чавушоглу додаде дека Турција е во контакт со преговарачките тимови од двете страни, но одби да открие детали од разговорите, бидејќи „ние имаме улога на чесен посредник“.
Ново на Сител
-
Биткоинот достигна вредност од 80 000 долари
-
Патот Кратово - Пробиштип непрооден за камиони поради наноси од снег
-
Скопје утринава се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот
-
Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија
-
Во Баку почнува Самитот на ОН за климатски промени
-
Во Белград е планиран протест на српската опозиција поради трагедијата во Нови Сад
-
Трамп разговараше со Путин за брзо решавање на војната во Украина
-
Состојба на патиштата