ЕУ може да се носи со бранот бегалци од Украина
Сите држави-членки на Европската унија мораат да помогнат во згрижувањето на милионите бегалци од Украина, изјави еврокомесарката за миграции, Илва Јохансон.
Обединетите нации објавија дека речиси три милиони луѓе, повеќето жени и деца, досега ги напуштиле областите зафатени со воени дејствија и засолниште побарале надвор од Украина.
„Доколку навистина ги покажеме нашите најдобри страни во солидарноста, ние можеме“, рече Јохансон притоа користејќи израз на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која рече „Ние можеме“ за време на пикот од бегалската криза во 2016/17 година кога во ЕУ пристигнаа повеќе од милион бегалци од Сирија.
Полска досега има примено повеќе од 1,7 милиони бегалци од Украина, додека во претходната криза одбиваше да прими од доминантно муслиманските мигранти и баратели на азил.
Илва Јохансон изрази надеж дека помошта што се дава на украинските бегалци ќе го отвори патот за реформи во европската политика на давање азил, прашање што се смета за политички токсично и што го ослаби единството на Унијата.
„Миграцијата е нешто што се управува, а не нешто што треба да не плаши“, рече таа.
Европската комисија понуди пари како помош за источните држави-членки за згружување на украинските бегалци.
„Ќе мобилизираме милијарди евра…за да ги обновиме прафатните центри, мобилните болници и училиштата за децата, како и за да обезбедиме вработување на возрасните или за установи за згрижување деца“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лејен во Европскиот парламент.
Ново на Сител
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието
-
ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година