АА предложи амандмани на измените на законите за ДДВ и за акцизи
Според предлог-амандманите кои Алијанса за Албанците ги поднесе до Собранието, на малопродажниот пазар, во сегашните околности, бензинот би се продавал по 77 денари по литар, а дизелот по 79,5 денари
Со амандманите, Алијанса за Албанците предлага намалување на акцизите за дизел-горивото од 15,5 на девет денари, на бензините од 22 на 15 денари и намалување на ДДВ за двата вида гориво од 18 отсто на повластена стапка од пет отсто.
„Ние предлагаме: За дизел-горивото акцизата од 15,5 денари да се намали на 9 денари;
За бензините акцизата да се намали од 22 денари на 15 денари;
ДДВ за двата вида горива да се намали од 18 проценти на повластена стапка од 5 проценти“,се наведува во соопштението од Алијанса за Албанците.
Со овие предлози, како што потенцираат оттаму, на малопродажниот пазар во сегашните околности бензинот би се продавал по 77 денари по литар а дизелот по 79,5 денари по литар.
Претходно денеска и ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандмани до Собранието за антикризните мерки кои денеска се на собраниска расправа, а се однесуваат на законските измени за акцизата и ДДВ за горивата.
Пратеникот Бојан Стојановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ најави оти ќе гласаат „за“ предложените мерки од Владата, иако сметаат дека се задоцнети и недоволни, но и оти ќе поднесат пет амандмани со четири суштински забелешки.
За попладнево во 15 часот беше закажана седница на Собранието на која ќе се разгледуваат предлозите на Владата за измени на законите за акцизи и за ДДВ.
Според Владата, измените и дополнувањата треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.
Ново на Сител
-
Директорот на Ферари: Хамилтон ќе биде конкурентен и тоа многу наскоро
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Во Кавадарци одземено возило поради создавање бучава
-
Руте повика на нормализација на односите со Русија по завршувањето на војната во Украина
-
Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака за железничкиот Коридор 8
-
Без вода утре селата Батинци и Љубош
-
Инвестиција во милијарди евра во инфраструктурата и здравството, најави Мицкоски
-
Односите со САД се на ултра високо ниво, да не избрзуваме со заклучоци поврзани со визата на Лимани, изјави премиерот