Мајничи Шимбун: Околу 70 Јапонци доброволно се пријавиле да се борат за Украина
– Околу 70 Јапонци одговориле на украинскиот повик за странски доброволци да се борат против руската инвазија, јавуваат денеска западни медиуми.
– Заклучно вчера, околу 70 Јапонци – вклучително и 50 поранешни членови на јапонските сили за самоодбрана и двајца ветерани од француската Легија на странци – се пријавиле да бидат доброволци во војната против Русија, објави дневниот весник Мајничи Шимбун, цитирајќи компанија од Токио која се занимава со организирање на доброволците.
Портпаролот на Украинската амбасада соопшти дека примале повици од луѓе кои „сакаат да се борат за Украина“, но рече дека не знаат ништо повеќе за доброволците.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика во неделата да се формира „меѓународна легија“, што поттикна десетици луѓе од САД и Канада да волонтираат.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети