Зеленски му рекол на Макрон дека Украина нема да одговори на руските провокации
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон изјави дека Украина нема да одговори на руските провокации на истокот и е подготвена за дијалог со Русија, пренесе Бета.
– Зеленски изрази волја Украина да не одговори на провокациите долж линијата на фронтот во источниот дел на земјата, соопшти Елисејската палата, која повика на „последни напори“ за да се избегне „голем конфликт“ во Украина.
За денеска е закажан телефонски разговор меѓу Макрон и рускиот претседател Владимир Путин.
Зеленски претходно предложи средба со неговиот руски колега во време на растечки страв од руска инвазија на Украина.
– Не знам што сака рускиот претседател, затоа предлагам да се сретнеме, изјави вчера Зеленски на безбедносната конференција во Минхен.
Тој додаде дека Украина е „штит на Европа“ против руската армија и го повика Западот да ја зголеми помошта.
– Ја цениме секоја помош, но сите мора да сфатат дека тоа не се добротворни придонеси што Украина треба да ги бара … Тоа е ваш придонес за безбедноста на Европа и светот. Таму каде што Украина е штит осум години, рече Зеленски.
Ново на Сител
-
Администрацијата на Трамп подготвува нови санкции против Русија
-
Притвор за осомничен кој подметнал пожар на два имотa на поранешната сопруга
-
Елмас изнуди пенал и го спаси Торино од пораз против Венеција
-
Во Белград комеморативни собири по повод две години од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“
-
Хјустон го победи Голден Стејт и израмни во плејофот во НБА
-
Јанта Волеј нов македонски одбојкарски шампион
-
Вашингтон пост: Администрацијата на Трамп планира намалувања во ЦИА и други разузнавачки агенции,
-
Воена парада во Вашингтон за годишнината на американската војска и 79-от роденден на Трамп