СДСМ: Законот за поголеми плати за наставниците во Собрание
Во Собранието продолжува дискусијата за Предлог Законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование.
Ова законско решение предвидува зголемување на платите на сите наставници и стручни соработници во основното и средното образование со раст на минималната плата.
Овој Закон предвидува сигурно и квалитетно решение за работниот однос на над 4.700 наставници кои работат со години, а не можат да го трансферираат работниот однос, бидејќи предаваат во повеќе училишта или предаваат изборни предмети.
Со законот покажуваме дека соодветно го вреднуваме трудот на наставниците и стручните соработници кои предаваат во комбинирани паралелки, во паралелки со деца со попреченост или имаат дополнителни задолженија.
Цела година пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го блокираа Законот и работеа на штета на наставниците кои поради ваквиот нечесен и неодговорен однос цела година земаат пониски плати.
Со оглед на тоа дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ такво решение доставија во собраниска процедура, со што признаа дека се работи за добар закон, треба да престанат со блокадите, да бидат конструктивни и конечно да почнат да работат во интерес на граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Сител Телевизија вработува новинар во веб редакцијата
-
Електронско аплицирање за ученички стипендии до 15 октомври
-
Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците
-
Мицкоски: Првата половина од автопатот Кичево - Охрид ќе биде пуштена во мај
-
Од денеска намалени цените на пет патарини во Грција
-
Бројот на работниците во индустријата од јануари до август зголемен за 1.4 отсто
-
Од четврток дожд, грмежи и ветер
-
СДСМ: 100 дена изговори