Во Грција пристигнуваат првите шест француски воени авиони Рафал
– Првите шест, од вкупно 18 воени авиони Рафал што Грција ќе ги набави од Франција денеска ќе пристигнат во Атина, ќе прелетаат над Акропол, по што ќе следи и свечена манифестација во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис и Нова демократија на социјалните мрежи вчера објавија видео од воените авиони и пораката „Доаѓаат“ заедно со грчкото и француското знаме.
Според најавите, по полетувањето од Франција, а пред слетувањето во базата на военото воздухопловство, авионите ќе прелетаат над Атина и Акропол.
Останатите 12 авиони, како што објавија грчките медиуми се очекува да пристигнат во Грција до 2023 година, шест на крајот на годинава и шест во текот на следната.
Француските Рафал пристигнуваат нешто помалку од една година по потпишаниот договор од министрите за одбрана на двете земји Никос Панајатопулос и Флоранс Парли на 25 јануари минатата година, според кој Грција ќе набави од Франција 18 воени авиони Rafale.
Десетина дена претходно грчкиот Парламент, со широко мнозинство го изгласа законот за набавка на шест нови и 12 половни воени авиони со вкупни трошоци од 2.49 милијарди евра и освен набавката, вклучуваат и трошоци за одржување, како и за набавка на опрема, односно оружје за самите авиони.
За време на Меѓународниот саем во Солун во септември минатата година, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис соопшти дека ќе набават уште шест француски воени авиони Рафал, а според грчката новинска агенција АНА-МПА во следните седмици се очекува потпишување на дополнителен договор за новите шест Рафал.
Ново на Сител
-
Поднесена кривична за директорот и неколку службени лица на РЕК Битола
-
Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски
-
СДСМ оди на избори на 16 март
-
За викендот облачно со краткотраен дожд, од понеделник постудено со дожд и снег
-
Мисајловски учествува на средба на министрите за одбрана на НАТО во Брисел
-
На ГП Богородица запленети 188 килограми марихуанa, приведени две лица
-
76 лица санкционирани во текот на вчерашниот ден затоа што возеле без возачка дозвола
-
Муцунски се сретна со австралискиот пратеник и министер за надворешни работи во сенка, Дејвид Колман