Фудбал
26. December 2021 - 19:49

Убедливи победи на Сити и Арсенал

На „Етихад“ видовме дури девет гола, а „граѓаните“ триумфираа убедливо на крајот со резултат 6:3 против Лестер. 
Серијата голови започна многу рано и домаќинот веќе во  25. минута водеше со 4-0.
Кевин де Брујн ја затресе мрежата на Каспер Шмајхел во 5. минута, а потоа продолжија Ријад Марез во 14. м од пенал, Илкај Гундоган во 21. м и Рахим Стерлинг во 25. м од уште еден пенал.
 
Но лисиците не се предадоа и со головите на Медисон, Лукман и Ихеначо режираа вистинска драма  но само до 69. минута кога Ајмерик Лапорт со гола глава од корнер зголеми на 5:3.
Конечниот резултат и сите сомнежи ги отстрани Стерлинг со својот втор гол во 87. минута.
 
Арсенал беше многу убедлив на гостувањето кај последнопласираниот Норич и славеше убедливо  со резултат 5:0  Стрелци на головите беа Сака , Тирни ,Лаказет и Смит Роу . Вест Хем им приреди непријатно изненадување на своите навивачи бидејќи во Лондон загуби од Саутемптон со 3:2 (1:0).