Семејствата на жртвите на концертот во Хјустон бараат отштета од 750 милиони долари
Во тужбата поднесена во име на 125 жртви на трагедијата во Астроуорлд, Хјустон се бара отштета од 750 милиони долари од изведувачите Тревис Скот и Дрејк и компаниите вклучени во организацијата на концертот.
Адвокатот Тони Базби во понеделникот поднесе тужбата во име на клиентите, вклучително и семејството на 21-годишниот Аксел Акоста, еден од десетте лица убиени на годишниот хип-хоп фестивал, кога беа повредени стотици луѓе.
Во тужбата како обвинети се наведува Скот и Дрејк (кој се појави како гостин изведувач), заедно со две промотерски фирми („Live Nation“ и „ScoreMore Shows“), четири безбедносни компании („Contemporary Services Corp.“, „Apex Security“ и „Valle Security Texas)“ и компанија со договор да обезбедува медицинска услуга на фестивал („ParaDocs“).
Во тужбата е наведена и компанијата Епл („Apple“), која го пренесуваше во живо концертот на својата платформа, потоа дискографската куќа Епик, кактус Џек („Epic Cactus Jack“) како и компанијата која управува со НРГ Паркот („Harris County Sports & Convention Corp.“).
– Кога Аксел колабираше, беше прегазен од оние кои се бореа да не бидат и самите изгазени. Додека лежеше под масата луѓе, умирајќи, музиката продолжи речиси 40 минути, се наведува во тужбата.
Последната жртва на трагедијата е деветгодишното момче кое почина во неделата, една недела откако апаратите го одржуваа во живот. Со смртта на момчето Езра Блаунт, вкупниот број на загинати во стампедо на фестивалот Астроуорлд на 5 ноември се искачи на десет. Жртвите биле на возраст од девет до 27 години.
Тие загинаа во стампедо за време на настапот на раперот Скот на стадионот НРГ пред публика од 50.000 луѓе. Ситуацијата излезе од контрола додека фановите се упатиле кон бината.
Адвокатите на семејствата на жртвите поднесоа низа тужби против Скот и организаторите, помеѓу другото и за невнимание во контролирањето на толпата, необезбедување соодветна медицинска нега и недоволна подготовка за итни случаи.
Скот ги повика повредените и нивните семејства да контактираат со него, истакнувајќи дека „очајно сака да му изрази сочувство и да пружи помош“, се вели во соопштението.
Раперот претходно се понуди да плати за погребите на жртвите и психолошка помош.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари
-
Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на проекти од вториот владин повик
-
Три лица се повредени при напад со остар предмет во кочанско
-
15-годишник со мотор удрил во малолетник
-
Две жени од Куманово нападнати од нивните партнери
-
Сопругата на глумецот Џорџ Клуни се соочува со забрана за влез во САД
-
Зголемена фреквенција на возила на Табановце, на останатите гранични премини нема подолги задржувања
-
Бројот на работници во индустријата намален за 3,9 проценти во првиот квартал