Азем Власи: Кога се зборува за Тито, приказната не е црно-бела
Поранешниот висок функционер во времето на комунистичка Југославија, Азем Власи, синоќа во емисија на приштинската телевизија Т7, посветена на југословенскиот комунистички лидер Јосип Броз Тито, изјави дека Тито секако беше комунистички диктатор, но неговиот период не беше црно-бел, туку имаше нијанси, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Во емисијата „Пресинг“ на Т7, каде Власи гостуваше заедно со писателот и новинар Халил Матоши, кој е актуелен шеф за медиуми на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, се расправаваше за положбата на Албанците и Косово во комунистичка Југославија, под власта на Тито.
Власи, кој беше функционер во времето на Тито, а настрада кон крајот на Југославија, кога главниот збор го зеде Слободан Милошевиќ, рече дека за Албанците во Титова Југославија имаше два периоди – потешкиот од 45-та до 66-та, како посебно тежок, а по 70-тата, до смртта на Тито во 80-та, настапи период на своевидна либерализација, кога Југославија повеќе наликуваше на конфедерација.
- Не беше добро за никого, а не само за нас. Сепак за нас секогаш беше полошо одошто за другите, рече Власи, кој е еден од последните претседатели на комунистичката младина на Југсолавија.
Ново на Сител
-
Приведен крадец во Скопје, пронајдено и возилото што го украл
-
На „Богородица“ и на „Табановце“ се чека 20 до 30 минути
-
Владата со препораки за заштита од топлотниот бран
-
Eнормно зголемена потрошувачката на вода, неконтролирано се полеваат бавчи и ниви
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси