Тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје-Куманово
На 06.10.2021 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје–Куманово, во атар на с.Арачиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(28) од с.Арачиново и трактор „имт-533“, управуван од С.С.(62) од с.Арачиново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде околу 21.10 часот им подлегнал на повредите.
Со телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило, сопатничката од истото возило Е.М.(24) од с.Арачиново и уште двајца малолетни сопатници од возилото, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети