Џонсон и Џонсон годинава очекува 2,5 милијарди долари приход од вакцината против Ковид-19
мериканскиот производител на лекови Џонсон и Џонсон очекува 2,5 милијарди долари приход од вакцината против Ковид 19, се наведува во денеска објавениот деловниот извештај за вториот квартал од годината.
Вкупните приходи се очекува да се движат од 91,3 милијарди до 92,1 милијарди долари оваа година, предвидува компанијата, зголемувајќи ја проценката благодарение на поголемата продажба на медицински помагала и зголемената побарувачка на лекови за псоријаза и Кронова болест.
Конкурентите на Џонсон и Џонсон, Фајзер очекува 26 милијарди долари приход од вакцините оваа година, а Mодерна 19,2 милијарди долари. Нивните вакцини беа одобрени во САД минатата година, а на Џонсон и Џонсон годинава
Кога ќе се додадат приходи од продажба на вакцината против ковид 19, проценетите приходи се искачуваат од 93,8 милијарди до 94,6 милијарди долари.
Компанијата ги зголеми приходите за 27 проценти во вториот квартал, на 23,3 милијарди долари. Нето добивката порасна 73 проценти, на 6,3 милијарди долари.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг