Црна Гора ги укина повеќето рестриктивни мерки во однос на Ковид-19
Во Црна Гора од денеска е укинато временското ограничување на работата на угостителските објекти, а списокот на земји чии граѓани влегуваат во Црна Гора под истите услови како и пред епидемијата на Ковид-19 е проширен, соопшти тамошното Министерство за здравство.
Режимот на граничен премин за земјите од регионот не е променет. Одлуката е донесена врз основа на проценка на моменталната епидемиолошка состојба и бројот на вакцинирани жители, како и пад на бројот на заразени лица, на предлог на Советот за борба против коронавирусот.
Од 19 јуни до петок, 2 јули, ќе се укине ограничувањето за работа на угостителски објекти, но во сила останува забраната за изведување музичка програма со учество на пејачи и музичари, освен во отворениот дел на објектите од 20 до 23 часот и со строго почитување на актите кои пропишуваат ограничување на бучава, пренесува РТЦГ.
Се укинува временското ограничување за работа на компании и претприемачи што се занимаваат со трговија на непрехранбени производи и обезбедување услуги (трговски центри, продавници за обувки и облека, салони за убавина, фризерски салони …).
Се укинува временскиот рок за работа на приредувачите на игри на среќа, културните институции и е дозволено да се одржуваат обуки на спортисти, спортски натпревари и спортски турнири во помали спортски простории во затворен простор со посебни мерки.
Просечниот број на новозаболени во изминатата седмица беше 18, додека бројот на активни случаи е 380. Прва доза вакцина против коронавирус досега примиле 23,8 отсто, а втора 20,4 отсто од вкупното население.
Ново на Сител
-
Излезни анкети: Конзервативците победници на германските избори – Мерц на пат да стане канцелар
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош