Од Ковид-19 почина новороденче во Србија
Новороденче старо само девет дена, заразено со коронавирусот, е пренесено во многу сериозна состојба од клиничката болница во Крагуевац на Универзитетската детска клиника Тирсова во Белград, каде, за жал, починало, соопшти белградската здравствена установа.
Како што е наведено, за време на третманот со Ковид 19, што беше потврдено кај бебето веднаш по раѓањето, биле применети сите терапевтски процедури потребни за третман на неонатална инфекција.
Бебето беше поставено на респиратор.
За време на третманот, поради развој на мултисистемска инсуфициенција на сите органи, новороденчето се пренесува на Детската универзитетска клиника во Тирсова, во придружба на лекар, поради континуиран третман, кој вклучува замена на бубрежната функција и третман на респираторен дистрес и секундарна пулмонална хипертензија во неонаталната единица за интензивна нега.
„Нема подобрување во применетата терапија за време на третманот,ситуацијата се влошува, што доведува до смрт на бебето“, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Реакција од медиумите и СИРИЗА
-
Ставот на Мицкоски е во согласност со Преспа
-
Опозицијата смета дека програмата на новата влада е далеку од дадените ветувања
-
Почнав со училишен бенд, стигнав до Макфест | Јана Спирковска | Sitel Podcast 046
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи