Поголеми одрони од карпи и камења на патот кон тетовско Бањиче
Поголеми делови од карпи и големи камења почнаа да се одронуваат и да паѓаат долж патот кон месноста Бањиче близу Тетово. Ноќеска паднале поголеми карпи и камења на почетниот дел од патот па таква состојбата претставува проблем за движење на возилата, кои сега треба да се поминуваат врз пешачката патека. Вакви одрони имаше и во февруари 2018 година кога не мни можеше да се помине со возило.
-Овој период, овие три месеци од годината, секојдневно се случува парчиња каллива земја и камења да паѓаат, а сега веќе и поголеми карпи. Ерозивните процеси и свлечишта на земја се случуваат веќе повеќе години, велат тетовци кои ја користат оваа делница од Тетово до Бањиче за рекреација-за пешачење, трчање и велосипедизам.
Околу месноста Бањиче каде има извори со минерална вода постојат и неколку угосителски објекти, а од минатата година патот е продолжен и до селото Бродец.
Оваа делница се целосно се реконструираше окако во август 2015 година имаше невреме и поплава па целосно се оштетни патот. На делови од ридот се изградија потпорни ѕидови кои со текот на годините попуштија, а ерозијата е причина земјата да паѓа врз коловозната лента.
Од општината во неколку наврати досега велат дека на пријавите на граѓаните се реагира во согласност со можностите.
Експертите по геологија во неколку наврати досега за овој потег преку медиумите предупредиле дека проширувањето на патот е причината за одроните затоа што е создаден несоодветен наклон на косина на ридот.
Ново на Сител
-
Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица
-
Вучевиќ: Викендов ќе се одржи првиот состанок за движењето за народот и државата
-
Кривична пријава против шест лица за несовесно работење во службата
-
Просечната нето плата во јануари 43.050 денари
-
Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци
-
Почина 18-годишниот Вукашин, шеснаесетта жртва на трагедијата во Нови Сад
-
Отворена истрага за пожарот во Кочани
-
Приведени тројца дилери