Милевски: Министерството за локална самоуправа преку проектите се грижи за животната средина
Со поддршка на Министерството за локална самоуправа преку буџетската програма за рамномерен регионален развој, како и со поддршка на швајцарската Влада се реализирани голем број на проекти во Свети Николе, Скопје и Тетово, кои директно ги подобруваат условите на живеење на граѓаните преку користење на обновливи извори на енергија, поголеми заштеди, заштита на животната средина, како и преку подигнување на јавната свест.
Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски појаснува дека во Домот на културата во Свети Николе е поставен систем за греење и ладење, прв пат после 30 години.
-Со реализацијата на овој проект значително е намалена потрошувачката на електрична енергија, а заштедените финансиски средства ќе бидат употребени за дополнително уредување на просторот кој што сега граѓаните ќе можат да го користат 360 дена во годината, вели Милевски.
Тој посочува дека во три скопски општини: Центар, Карпош и во Кисела Вода се воспоставени три иновативни еко-зони каде што се користат обновливи извори на енергија. Се користи сончевата енергија за напојување на смарт клупите кои имаат сензори за мерење на квалитетот на воздухот и кои што обезбедуваат бесплатен интернет.
– Во Средното стручно општинско училиште “Моша Пијаде” во Тетово e подигнат стакленик со опрема за автоматска регулација на температурата, технологии за прихрана на културата и автоматика за наводнување на база на системот капка по капка. Во склоп на опремата има и метео станица која го потпомага компјутерот за автоматска регулација на условите во стакленикот. Обезбедени се и обуки за стекнување на вештини за одгледување на земјоделски култури во контролирани услови, како и обука за стекнување на вештини за претприемништво, додава Милевски.
Министерството овозможува на партиципативен начин од страна на граѓаните да се реализираат приоритетни проекти кои влијаат во ублажување на климатските промени.
Ново на Сител
-
Назначени нови директори на ЈСП, ЈП Паркови и зеленило и ЈП Улици и патишта
-
Во Германија една четвртина од вработените сè уште работат од дома
-
Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети
-
Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни зголемување на цената на електричната енергија нема да има
-
Повредени тројца од екипата на Итна помош откако беа заглавени во лифт во Кисела Вода што паднал во подрум
-
За пет месеци фреквенцијата на патници на ГП „Блато" зголемена за 14 отсто
-
Николоски бара Обвинителството да го испита работењето на ЈП за државни патишта и ЖРСМ Инфраструктура
-
Приведен скопјанец кој уценувал девојка