-->
-->
СП Ракомет: Пораз од Русија со 12 гола разлика
-->
Македонската ракометна репрезентација доживеа уште еден непријатен пораз на СП што се игра во Египет. Попладнево избраниците на селекторот Брестовац загубија со убедливи 32-20 од селекцијата на Русија.
И на овој меч имавме лош старт и Русија поведе до високи 7-1. Како што течеше првото полувреме беше јасно дека Македонија нема квалитет и сила да му се спротистави на силниот противник во чии редови доминираа корпуленти ракометари па до крајот на првиот дел Русите замина со предност од 19-9.
Во вториот дел противникот ги одмараше клучните играчи па во таков однос на силите нашата селекција беше нешто подобра и одржуваше десетина голови негатива до самиот финиш. За Македонија останува уште натпреварот со Белорусија да се поправи колку толку впечатокот во втората фаза.
Филип Кузмановски со 6 погодоци беше најефикасен во нашиот тим додека кај Русија Игор Сорока кој беше прогласен за играч на мечот заврши исто така со 6 погодоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети