Македонија
4. December 2020 - 14:00

43 годишен маж ја претепал сопругата па си заминал од дома

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски денеска информираше дека жител на неготинското село Пепелиште ја нападнал сопругата со остар предмет, при што бил лишен од слобода.

– Утрово околу 05:00 часот во СВР Велес било пријавено дека во домот во село Пепелиште, Неготинско, Џ.А. (43) со остар предмет ја нападнал неговата сопруга Е.А. (35) и заминал од домот. На местото на настанот бил извршен увид, а по преземени мерки  полициски службеници го пронашле и лишиле од слобода Џ.А, информира Додевски.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.