ОП на Австралија ќе стартува на 8. февруари
Првиот Гренд слем во сезоната, Австралија опен, ќе започне две три недели подоцна од вообичаениот термин. Наместо на 18.јануари, турнирот ќе започне на 8.февруари, тврди „Лекип“. Овој извор открива дека за учесниците се подготвени строги протоколи на кои ќе мора да се придржуваат.
„Лекип“, објави дека предлогот на владата на Австралија, за одржување на турнирот, ги содржи следните точки:
1. Пристигнувањето на учесниците од 15. до 17.јануари
2. Престој во „меурот“, за сите ќе важи до 31.јануари
3. Никој надвор од својата соба не смее да биде повеќе од пет часа. Тоа време би било ограничено на тренинзите и останатите активности за подготовки
4. Во Мелбурн парк, само едно лице ќе може да биде во придружба на тенисер или тенисерка
5. Доколку се формираат парови за тренинг, тие ќе може да тренираат само еден со друг додека тра 14-дневниот карантин
6. Ако се појави позитивен корона-тест, тогаш лицето задолжително ќе мине две недели во самоизолација
7. ПЦР тестови ќе се прават на првиот, третиот, десеттиот и 14 ден од карантинот.
Кога задолжителниот карантин ќе заврши, на играчите ќе им биде дозволено слободно да се движат низ Мелбурн.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети