МТСП: Почнува исплата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре почнува исплатата на Гарантираната минимална помош – ГМП за ноември годинава.
Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се спроведе во две групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа утре за лица чии презимиња почнуваат на А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М, а во петок за лица со презимиња кои почнуваат на – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
-Корисниците на ГМП коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од утре, информираат од МТСП.
Останатите права од социјална и детска заштита започнуваат со исплата во петок за граѓаните кои поседуваат дебитна картичка. Тие ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, за следниве права: детски додаток, посебен додаток, епп за новороденче, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дете, додаток за образование, надоместок за помош и нега од друго лице, еднократна парична помош, надоместок заради попреченост, цивилна инвалиднина, социјално домување, социјална сигурност за стари лица-социјална пензија, азиланти домување, парична помош за згрижувач и паричен надоместок за згрижувачко семејство.
Исплатата на овие права ќе се спроведе во две групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа на 7 декември (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М, и на 9 декември (среда) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.
Ново на Сител
-
Макрон по средбата со Зеленски: Европа стои зад Украина
-
Карни: Царините на Трамп им штетат на Американците
-
Двајца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Италија | ФОТО
-
Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
-
Маж брутално тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“ во Радовиш | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
-
Една сезона може да биде и 1 милион евра | Игор Стефановски - Иџе | Sitel Podcast 086
-
Пациент кој по пожарот во Кочани се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
-
Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри