Во Косово 186 заразени и двајца починати од Ковид-19 последните 24 часа
Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на 663, откако двајца пациенти кај кои бил откриен коронавирусот починаа во последните 24 часа, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вчера се откриени 186 новозаразени, така што бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 17.943.
Во дневниот извештај на ИКШПК се наведува дека болеста, вклучително вчерашните 54 излекувани, досега ја совладале вкупно 15.088 лица.
Согласно официјалните статистики на косовските здравствени власти, во земјата моментно има 2.192 активни носители на вирусот.
Последната недела речиси двојно е зголемен бројот на испитаници според методот РТ-ПЦР во лабораториите на ИКШПК низ земјата и тој секојдневно се движи околу илјада. Така, минатото деноноќие се извршени 1.049 тестирања, со што бројката на тестирани лица за кои постоело сомневање дека се заболени од Ковид-19 од почетокот на епидемијата достигна до 87.147.
Ново на Сител
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија