Дете пронајде редок скелет на диносаурус во Канада
Едно 12-годишно момче од Канада, при едно свое аматерско истражување, открило редок скелет на диносаурус стар 69 милиони години.
Нејтан Храшкин рече дека бил „буквално без зборови“ кога ги видел коските. – Бев толку шокиран, што не бев ни возбуден, иако знам дека требаше да бидам, изјави момчето за Би-би-си.
Младиот палеонтолог го истражувал тн. Провинцијален парк на диносаурусите во областа Алберта, близу Калгари, којшто е богат со фосили, заедно со неговиот татко. Во јули тие забележале како се наѕираат стари коски од една карпа, а деновиве заврши и целосното нивно ископување на скелетот на диносаурусот. Нејтан, кој е заинтересиран за диносаурусите од шестгодишна возраст, често со својот татко, го истражува ова заштитено подрачје во Канада.
Бидејќи момчето знаело дека фосилите се заштитени со закон, па веднаш го известиле надлежниот музеј.
Стручњаците потоа откриле меѓу 30 и 50 коски кои му припаѓале на млад хадросаур, за кој се проценува дека бил стар околу три или четири години.
– Порано, како и на повеќето деца, и мене омилен диносаурус ми беше тираносаурус-рекс. Но, сега го обожавам хадросаурусот, рече Нејтан додавајќи дека едвај чека да го види неговото откритие во музејот.
Оттаму пак, велат дека фосилот, стар околу 69 милиони години, е многу редок наод.
Ново на Сител
-
Александар Николовски од УКИМ избран за претседавач на Националното студентско тело
-
Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија
-
WhatsApp воведува нова корисна промена
-
Најубаво куче на светот е авганистански ‘рт што доаѓа од Чиле
-
Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
-
ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга