Мексико планира да вакцинира 90 отсто од населението до крај на 2021 година
Мексиканските власти соопштија дека планираат вакцинирање на 90 отсто од населението во земјата против коронавирусот до крајот на 2021 година, откако потпишаа договор во вредност од 1,66 милијарди долари со неколку големи фармацевтски компании.
Заедно со потенцијалните вакцини од програмата, поддржани од Светската здравствена организација, договорите со компаниите „Астра Зенека“ (AstraZeneca), „Фајзер“ (Pfizer) и „КанСиноБио“ (CanSinoBio) можат да му овозможат на Мексико да вакцинира до 116 милиони луѓе, соопшти Владата.
Земјата со околу 128 милиони жители официјално регистрираше 83.945 смртни случаи од коронавирус – четврта највисока стапка на смртност во светот. Вакцините, кои сè уште се подложени на клинички испитувања, се меѓу десетиците за кои се натпреваруваат истражувачите во светот за да ја докажат нивната безбедност и ефикасност.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор на прес-конференција рече дека вакцинацијата ќе биде обезбедена „бесплатно за целото население“.
– Програмата може да започне во декември годинава со првите серии вакцини од „Фајзер“ од САД и „КанСиноБио“ од Кина и да трае една година, изјави министерот за финансии Артуро Ерера.
Приоритет ќе имаат медицинскиот персонал и ранливите групи.
Ново на Сител
-
Утрово во Албанија регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
-
Николоски: Започнуваме борба против административната мафија
-
Македонија одигра нерешено со Велс
-
На Факултетот за музичка уметност ќе се одржи комеморација за Сара Пројковска
-
Без струја делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода
-
Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба