Медицински персонал од Кичево на помош во Инфективната клиника во Скопје
Осум медицински сестри вработени во кичевската болница се ангажирани за помош на персоналот во Инфективната клиника во Скопје, а двајца доктори уште се таму од истата здравствена институција во Кичево.
По барање на Министерството за здравство за помош од здравствени работници, во болницата во Кичево се испратени осум медицински сестри и двајца доктори.
– Испратени се осум медицински сестри, што фактички претставува ротација бидеќи претходните се вратија по успешна завршена мисија и се во добра здраствена состојба и двајца доктори кои таму ќе престојуваат еден месец, додека сестрите престојуваат по две недели. При тоа, континуитетот на редовното и нормално работење на нашата болница не е нарушена, изјави директорот на Општатата болница во Кичево, Станко Трпески.
Тој додаде дека го почитуваат барањето да бидат стручни за работа во вакви услови, бидејќи како што рече, сите се искусни здраствени работници кои долг период работаат во оваа болница.
Ново на Сител
-
Тепачка во бугарскиот Парламент поради одлуката за преминување на евро | ВИДЕО
-
Јадар во Србија меѓу 13 стратешки проекти на ЕУ со критични минерали
-
Трамп разговарал со Путин - не бил разговор што „ќе доведе до моментален мир“
-
Захарова: Западот е соучесник во украинските напади врз цивилни цели во Русија
-
Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник
-
Побаран вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци
-
Париз домаќин на преговорите за трговија меѓу САД и ЕУ
-
Министерот Мисајловски во Брисел на состанок на министри за одбрана на НАТО