Воз удри автомобил на преминот кај поранешна велешка Свилара, нема повредени
Железничка несреќа се случи изутрината нешто пред 9,30 часот на преминот кај поранешна велешка Свилара на патот кон селото Горно Оризари, во која воз удрил автомобил „пасат“ во неговиот заден дел. Возачот кој бил сам во звтомобилот за малку се спасил и останал неповреден, потврдуваат од СВР Велес.
Како што информира за МИА д-р Страхил Тодоров портпарол на ЈЗУ Здравстевн дом чија екипа на Итна помош по повикот веднаш пристигнала на местото на настанот, тие утврдиле дека возачот нема телесни повреди туку само акутна реакција на стрес од настанот.
– Нашата екипа констатира дека на возачот не му е потребна дополнителна медицинска интервенција,појасни др Тодоров.
Екипа на СВР Велес сеуште е на местото на несреќата.
Инаку, на овој железнички премин како што информираат од Железничката станица во Велес има поставено патна сигнализација, знаци стоп и андреев крст – што значи дека патот го пресекува железнички премин на пруга, а возачот треба да ја намали брзината и до погледне лево десно дали има воз, па потоа да преминува преку пругата.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен