Горивата поскапуваат од половина до 1,5 денар по литар
Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за половина до 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,56 отсто.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за половина денар по литар и ќе изнесува 54,5 денари. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за еден денар по литар и ќе чини 57 денари. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари за литар и ќе се продаваат за 47, односно за 35 денари.
Со одлуката на РКЕ за 1,329 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 19,498 денари.
Како причина за зголемувањето на малопрадажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на референтните цени на дериватите во изминатите седум дена и тоа за околу 5,64 отсто кај бензинот и за 10,84 отсто кај дизелот, како и за 0,099 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
Ново на Сител
-
Составот на новата влада на Мицкоски пред финален договор
-
Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
-
Неделава Србија повторно оди на избори-за град Белград и на локални избори
-
Визер скратува летови од Скопје, компанијата се соочува со 40 приземјени авиони
-
Разрешен директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија
-
Демири: Хируршките сали се стари, Клинички ќе користи надворешни компресори додека не стигнат испитувањата
-
Пронајдени две неексплодирани гранати во Скопје
-
Тешка сообраќајка во Куманово: Две лица загинаа