-->
-->
Здравствен дом - Крива Паланка врши само итни прегледи, подготвена е просторија за потребна изолација на пациенти
-->
Надлежните од Здравствен дом – Крива Паланка ги преземаат сите неопходни мерки за дезинфекција на објектот и на пациентите кои доаѓаат на прегледи. Оваа здравствена установа врши само итни случаи.
– Сите пациенти кои доаѓаат на неопходни прегледи или итни случаи се примаат само од еден единствен влез, останатите се затворени, а пред влегување во установата најпрвин вршат дезинфекција. Сите вработени работат со заштитни маски и ракавици, а по препорака на општинскиот кризен штаб оспособена е и просторија за евентуално изолирање пациенти. Инаку, надлежен за анкетирање и проверка на пациентите е епеидемиолог од хигиено-епидемиолошката служба, кој воедно и ја следи состојбата на сите пациенти на кои им е препорачано да бидат во самоизолација, информира директорот на Здравствен дом – Крива Паланка.
Докторката специјалист-дерматолог од Здравствениот дом – Крива Паланка, која била присутна на симпозиумот кој го одржа директорката на Клиниката за кожни болести во Скопје, уште е во самоизолазција и не пројавува симптоми на вирусот.
Бидејќи голем број кривопаланчани се на работа во странство во земјите од Балканот и Европа, дел од кои се земји во висок и среден ризик, општинскиот кризен штаб вчера препорача дека граѓаните што ќе забележат повратници од странство кои не ја почитуваат забраната за 14 дена изолација во домашни услови, веднаш да пријават на телефонскиот број 192 во Министерството за внатрешни работи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
-
Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик