Јанша: Словенечката Влада е „клинички мртва“
Словенечкиот опозициски лидер и поранешен премиер Јанез Јанша ја нарече малцинската влада на премиерот Марјан Шарец „клинички мртва“ и додаде дека во моментот не гледа алтернатива што би донела „развојна коалиција“ или поголема постојана политичка стабилност за Словенија.
„Бидејќи партијата Левица (Л) ја напушти коалициската Влада пред два месеца, коалицијата на Шарец во Словенија сега се одржува на власт со несигурните гласови на Националната партија (СНС) на Змаго Јелинчич, а всушност таа е клинички мртва, односно политички труп“, рече Јанша во интервју за Словенечката телевизија.
На прашањето дали се точни информациите дека тој се обидува да собере „ново парламентарно мнозинство“ за да ја замени сегашната коалиција на левицата и на либералниот центар, Јанша беше скептичен дека во моментот не гледа можна алтернатива во форма на „развојна коалиција“.
Тој рече дека не гледа политичка подготвеност за предвремени избори затоа што поминаа само една година и половина од последните.
Јанша, сепак, верува дека промените би биле добредојдени затоа што Словенија би искористила две милијарди евра во европски фондови што сегашната влада на Марјан Шарец не успева да ги повлече од Брисел.
Ново на Сител
-
ЦУК: Изминатите 24 часа - 10 пожари на отворено, еден сѐ уште активен
-
Лашоска: Мерките за намалување на ризикот од катастрофи на локално ниво се од суштинско значење за заштита на заедниците
-
Првото семејство со ретката болест „Фабри“ ќе прими терапија
-
Бројот на жртви во рускиот напад врз Запорожје се искачи на осум, повредени 42 лица
-
ИЈЗ со телефонска линија за совети за откажување од пушење
-
Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата
-
Без струја денеска дел од Општина Илинден, без вода неколку улици во Кисела вода
-
Путин: Украина мора да биде неутрална за да дојде до мир