Бизнис
14. July 2015 - 20:06

Исплатени 14 милиони денари отштета за поплавите во Босилово

Владата продолжи со  надоместување на штетите од поплавите во јануари и февруари годинава. Денеска на 250 земјоделци од Босилово им се исплатени 14 милиони денари отштета.

Досега пари за отштета од поплавите им се исплатени на домаќинствата и земјоделците од Могила, Новаци и Демир Хисар.

Владата донесе мерка за стопроцентно обесштетување на земјоделците и домаќинствата од штетите од поплавите во јануари и февруари годинава. Исто така, преземени се и мерки за обнова на оштетената инфраструктура, патиштата, водоводните системи, малите брани итн.