-->
-->
Валс: На Бензема не му е место во националниот тим!!!
-->
Премиерот на Франција, Мануел Валс, смета дека Карим Бензема треба да биде исфрлен од репрезентацијата, доколку се декаже дека сакал да изнуди пари од Матије Валбуена.
Напаѓачот на Реал Мадрид, на почетокот на минатиот месец, беше на распит во полиција, под сомнение дека со видео снимка на сексуален чин се обидел да изнуди на пари од репрезентативниот колега Валбуена.
„Доколку му се суди на накој од моите министри, тој мора да ја напушти владата. Мора да преземе одговорност и истиот принцип би требало да важи и во репрезентацијата“, изјавил францускиот премиер за радиото Europe 1.
Доколку Бензема биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна. Според француските закони, максималната казна за вакво дело изнесува пет години.
Исто така, една од казните е и забрана за доближување, што автоматски значи дека Валбуена и Бензема не би можеле заедно да играат во репрезентацијата.
Селекторот на Франција, Дидие Дешан, оваа непријатна ситуација минатиот месец, кога Франција играше контролни наторевари со Германија и Англија, ја реши така што двајцата ги изостави од националниот тим.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Невреме и поплави во Италија
-
Во Битола пронајдено починато 46-годишно лице во куќа
-
Сиљановска-Давкова: Молкот го отвори патот за злото – мора да учиме од историјата
-
Медиуми: Српскиот премиер Вучевиќ ќе поднесе оставка
-
МЖСПП: Засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето
-
Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола
-
Брод на италијанската морнарица пристигна во Албанија со 49 мигранти
-
ДЗР: Наплатените придонеси од плата на Фондот на ПИО и во 2023 година не биле доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии