Два патни правци затворени поради јавни собири на граѓани
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Од 07:10 часот сообраќајот на патниот правец Прилеп - Градско е затворен поради јавен собир, а од 07:30 часот сообраќајот на патниот правец Велес - Штип и обратно е исто така езатворен поради јавен собир.
Се известуваат возачите кои ќе го користат државниот пат А3, делница Битола – Меџитлија, дека на ден 30.09.2019 година (понеделник), во период од 12:00 до 16:00 часот ќе се вршат мерења на патот со користење на специјално мерно возило, сопственост на Јавното претпријатие за државни патишта. Постапката се состои од застанување на секои 100 метри на патот и мерење на носивоста на коловозот со спуштање на товар. Се молат возачите на трпеливост и крајна внимателност при возење на горенаведената патна делница.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино