ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема план и не знае како да ги инвестира парите на граѓаните во капитални проекти
Нивото на реализација на капитални инвестиции за цели 7 месеци е само 24.5% од годишно планираното. Власта нема капацитет да го реализира ниту она што сама со Буџетот за 2019 година се обврзала дека ќе го направи.
И со Тевдовски и со Заев и со било кој друг на чело на министерството за финансии СДСМ за повеќе од половина година не е способна да сработи ниту една четвртина од тоа што требало.
Во истиот период од 7 месеци предвидениот дефицит е на ниво од над 50%, исто како и социјалните трансфери. Единствено каска реализацијата на капиталните инвестиции. Тоа е показател дека СДСМ нема план и не знае како да ги инвестира парите на граѓаните во капитални проекти. Ова укажува единствено на фактот дека СДСМ целосно го ставил Буџетот на Република Македонија во функција за купување гласови!
Оттука ја предупредуваме власта да не влегува во било какви сценарија што би значеле изборна корупција.
Нивото на јавен долг рапидно расте. Тоа води до едноставен заклучок. Заев нема план за капитални инвестиции, Заев има план за капитален грабеж.
Цела година не видовме да отпочнат со изградба на едно ново училиште, амбуланта или градинка. Единствено што прават е раскопување на неколку скопски сообраќајници кои ги премачкуваат со асфалт.
Три години ги развлекуваат проектите во инфраструктурата започнати од ВМРО-ДПМНЕ. Направија целосен застој на инфраструктурен план. Никаде ги нема ветените 600 километри нов автопат, ниту 550 километри нови магистрални патишта. Поминаа 3 години, а ништо од тоа што го ветија за време на изборите не реализираа.
Оваа власт која три години со прст нема мрднато мора да си замине. Потребни се итни предвремени избори, час поскоро. Потребна е обнова на Македонија.
Ново на Сител
-
Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина
-
Раст на фјучерсите на американските берзи по новите укази на Трамп
-
Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет
-
Мицкоски во Вашингтон присуствувал на на свеченоста „Гласови на слободата“ и остварил бројни средби
-
Украина работи на одржување средба меѓу Зеленски и Трамп
-
Лазаров за ремито со Австрија: Горд сум на моите ракометари
-
Капитенот Кузмановски донесе реми во последните секунди на натпреварот Македонија-Австрија
-
Собранието го донесе Законот за заштита на децата, прифатени само два амандмани