Џонсон на средба со Меркел во Берлин, пречекан со протести
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска пристигна во Берлин на средба со германската канцеларка Ангела Меркел, каде што беше пречекан од група демонстранти кои извикуваа „Запрете го Брегзит“.
На прашањето дали планира да ја обвини Европската унија дека не може да постигне договор за Брегзит, Џонсон рече дека има доволно простор за договор, но заштитната клаузула за ирската граница треба да се укине.
– Ако можеме да ја промениме, можеме да напредуваме (во преговорите) многу брзо, изјави Џонсон.
Тој додаде дека следел многу преговори водени од страна на Брисел во кои вообичаено се доаѓало до консензус меѓу преговарачите.
Меркел, пак, рече дека ЕУ внимателно ги набљудува случувањата во британскиот Парламент и дека може да се најде решение во однос на прашањето за ирската граница, но тоа сè уште не се случило и дека може да се случи во следните неколку години или во наредните 30 дена.
– Имаме многу да разговараме, рече Меркел.
Таа додаде дека очекува Велика Британија да предложи алтернатива на каузата и дека не е должност на германската канцеларка да ја разбере врската помеѓу Северна Ирска и Република Ирска.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка