Единаесет случаи на морбили во Тирана и Драч
Во Албанија веќе се потврдени првите 11 случаи на заразени со морбили (мали спаници) и тоа во Тирана и Драч.
Станува збор за деца на возраст од една до девет години, кои не биле вакцинирани.
Лекарите епидемиолози ја опишуваат како епидемија на сипаници, бидејќи меѓу нив шест деца се во роднинска врска, додека другите имале контакт со нив. Со оглед на оваа ситуација, навремената вакцинација за децата е многу важна. Педијатрите апелираат до родителите навреме да ги вакцинираат децата со вакцината против сипаници, рубеола и заушки, јави Ора њуз.
По потврдените случаи со апел преку објава на Фејсбук се огласи и министерката за здравство и социјална заштита, Албана Кочиу, со апел до родителите да ги имунизираат децата зашто „навремената вакцинација на децата обезбедува подобра заштита“.
„За да ги заштитите вашите деца од сипаници, рубеола и заушки, мора да ги вакцинирате навреме, според националниот календар за имунизација. Следете ги советите и упатствата на педијатрите за да обезбедите подобра заштита на вашите деца. Вакцинирајте ги против морбили. Вакцината спасува живот“, напиша Кочиу.
Според Инситутот за јавно здравје процентот на имунизација против мали сипаници во земјата забележал значителен пад посебно по пандемијата со Ковид-19.
Неодамна Светската здравствена организација алармираше за ширење на заразата со мали сипаници.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош
-
Токовски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама
-
Зеленски: Од примирјето за време на ЛОИ корист ќе има само Русија
-
Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“
-
Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе
-
Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување
-
На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти
-
Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци