Фудбал
22. November 2015 - 9:18

Јувентус го доби дерби против Милан

 
 
  Екипата на Јувентус го доби дерби натпревар против Милан, во рамките од 13.коло во фудбалското првенство на Италија.
 
На средбата одиграна синоќа во Торино, актуелниот шампион Јувентус славеше минимална победа над Милан со 1:0. Трите бодови на „Старата дама’’ им ги донесе Аргентинецот, Пауло Дибала со погодокот постигнат во 66-минута. 
  
Вчера се одигра и мечот Болоња – Рома, а заврши без победник 2-2. 
 
Денеска на програмата се останатите осум натпревари од ова коло, а двојките се: 
 
12:30 Верона - Наполи
15:00 Лацио - Палермо
15:00 Џенова - Сасуоло
15:00 Фиорентина - Емполи
15:00 Карпи - Киево
15:00 Аталанта - Торино
15:00 Удинезе - Сампдорија
20:45 Интер - Фрозиноне
 
Табела: 
1. Фиорентина 27 бодови 
2. Рома 27
3. Интер 27
4. Наполи 25
5. Сасуоло 22
6. Јувентус 21
7. Милан 20
8. Аталанта 18
9. Лацио 18...