Овие четири хороскопски знаци воопшто немаат среќа во љубовта
Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Некои се самите виновни за својата љубовна несреќа, а на некои тоа им е запишано во ѕвездите.
Ако постојано скокате од една лоша врска во друга или пак никако не успевате да најдете партнер можно е да сте родени во еден од овие четири хороскопски знаци кои едноставно немаат среќа во љубовта:
Рак
Иако се на глас како највнимателни знаци во зодијакот, Раковите немаат среќа во љубовта и тоа главно со своја вина. Кога ќе се вљубат подготвени се на тоа лице да му пружат се, па поради својата брзоплетост неретко остануваат повредени и со скршено срце.
Девица
Еднаш кога ќе се изгорат, Девиците стануваа многу внимателни и не брзаат во нови врски се додека не се потполно сигурни дека некој нема да им го скрши срцето. Но, поради тоа свое внимание од страв да не се повредени, Девиците се во состојба да пуштат да им „избега“ љубовта на нивниот живот.
Јарец
За разлика од споменатите хороскопски знаци кои самите себе се кочат во пронаоѓањето на љубов, Јарците обично немаат проблем со лошиот тајминг и често вистинското лице го запознаваат во погрешно време и обратно.
Риби
Наивните Риби имаат премногу доверба во луѓето поради што често завршуваат во врска со погрешни луѓе кои воопшто не им одговараат. Тоа обично резултира со нивно скршено срце, а обично од тие пропаднати врски и не ја научуваат лекцијата и продолжуваат да ги прават истите грешки.
Ново на Сител
-
Тепачка во бугарскиот Парламент поради одлуката за преминување на евро | ВИДЕО
-
Јадар во Србија меѓу 13 стратешки проекти на ЕУ со критични минерали
-
Трамп разговарал со Путин - не бил разговор што „ќе доведе до моментален мир“
-
Захарова: Западот е соучесник во украинските напади врз цивилни цели во Русија
-
Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник
-
Побаран вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци
-
Париз домаќин на преговорите за трговија меѓу САД и ЕУ
-
Министерот Мисајловски во Брисел на состанок на министри за одбрана на НАТО