Во Тетово ќе биде отворен реставрираниот Амам
Во Тетово денеска ќе биде отворен Стариот амам кој беше целосно реставриран со помош на Турската интернационална агенција за соработка и развој (ТИКА) во соработка со Министерството за култура.
На отворањето ќе биде прикажана изложбата „Придонесот на ТИКА врз културното наследство во Македонија” на која ќе се презентираат реставрациските проекти извршени од страна на ТИКА во соработка со Министерство за култура на Република Македонија.
На настанот ќе присуствуваат министерката за култура,Елизабета Канческа Милевска, амбасадорот на Република Турција во Република Македонија Омур Шолендил, заменик-претседателот на ТИКА, Али Маскан, државниот секретар при Министерството за култура, Бехиџуддин Шехаби, градоначалникот на Општина Тетово, Теута Арифи и други гости, соопшти Министерствот за култура.
Тетовскиот амам се наоѓа од левата страна на реката Пена односно спроти Алаџа Џамија. Амамот којшто потекнува од Османлискиот период има ориенталска структура и архитектура. Изградена со ѕидна техника која датира од тогашната архитектура, со вкупно четири куполи од кои две мали и две големи.
Ново на Сител
-
Американските тарифи за увоз на челик и алуминиум ќе бидат на сила од 12 март
-
Сиљановска-Давкова ќе се обрати на настанот „Глобален женски појадок 2025“
-
На владина седница извештајот за бојкотот на маркетите, можни мерки за цените
-
Без струја делови од Аеродром, Сарај и Чаир
-
Рестрикции на струја во Украина поради големи руски напади врз енергетскиот систем
-
Пентагон им забрани на трансродовите лица да се приклучат на војската
-
Трамп во интервју за Фокс њуз: Украина „Можеби некогаш ќе биде руска“
-
Утрото студено, преку денот променливо облачно