МФ: Измени на Законот за јавен долг со цел поголема транспарентност
Поголема транспарентност, усогласување со меѓународните практики и поголем креидбилитет кај меѓународните институции и инвеститори се очекуваните ефекти од измените на Законот за јавен долг кои ги изработи Министерството за финансии, а кои се во собраниска процедура. Со измените се предлага враќање на негарантираниот долг во пресметката за јавен долг.
– Негарантираниот долг беше дел од пресметката на јавниот долг до 2014 година, кога со измени на законот беше изземен. Ова решение беше критикувано од ЕУ веќе во следните заеднички заклучоци од министерскиот дијалог во 2015 година. Беше критикувано и од тогашната опозиција и експертска јавност.Вклучувањето на негарантираниот долг во пресметката на јавниот долг е: прво во насока на поголема транспарентност, второ во согласност со препораките на меѓународните институции како ММФ, Светска банка, Европска комисија, и рејтинг агенции – истакнува министерот за финансии Драган Тевдовски.
Со измените на законот се воведуваат и други решенија и механизми со кои јавниот долг ќе остане под контрола и транспарентно ќе се известува за него. Со измените се враќа изработката на Стратегија за управување со јавен долг како одделен документ. Стратегијата ќе биде тесно фокусирана на управувањето со државниот долг, портфолиото и структурата на државниот долг.
Законските измени предвидуваат и Министерството за финансии да врши кредитна анализа и проценка на кредитна способност на носителите на јавен долг при издавање на државна гаранција, согласно посебна пропишана методологија за проценка. Со ваквиот пристап се прави усогласување со правилата и законодавството на ЕУ при контрола при издавање на државни гаранции.
Ново на Сител
-
Тепачка во бугарскиот Парламент поради одлуката за преминување на евро | ВИДЕО
-
Јадар во Србија меѓу 13 стратешки проекти на ЕУ со критични минерали
-
Трамп разговарал со Путин - не бил разговор што „ќе доведе до моментален мир“
-
Захарова: Западот е соучесник во украинските напади врз цивилни цели во Русија
-
Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник
-
Побаран вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци
-
Париз домаќин на преговорите за трговија меѓу САД и ЕУ
-
Министерот Мисајловски во Брисел на состанок на министри за одбрана на НАТО